„Ровер“ се враќа во судница: Повторно ќе му се суди на Љубе Бошкоски

Сподели со своите пријатели

Основен суд Скопје 1 во текот на вчерашниот ден го прими решението со бр.КЖ-393/15 на Апелациониот суд Скопје во врска со предметот во јавноста познат како „Ровер” во кој Љубе Бошковски беше обвинет и осуден на 12 години затвор со првостепената одлука.

Loading...

Одлуката по втор пат се укинува и предметот се враќа на повторно судење пред првостепениот суд, се вели во соопштението од Судот.

Второстепениот суд ги разгледал жалбените наводи на обвинетите и нивните бранители како и на Основното јавно обвинителство Скопје за сторена суштествена повреда и оценил дека наводите се основани со оглед дека обжалената пресуда содржела такви недостатоци поради која не може во целост да се испита во однос на нејзината правосилност и законитост, изреката на пресудата не била доволна јасна и разбирлива, а во образложението не биле содржани доволни причини за решителните факти што второстепениот суд смета дека се од битно влијание за законито одлучување во конкретниот кривичен правен настан во врска со предметното кривично дело и кривичната одговорност од страна на обвинетите, објаснуваат од Основниот суд Скопје 1.

Постапувајќи по повторената постапка во предметот кој бил укинат со решение на Апелациониот суд, второстепениот суд дал напаствија кои првостепениот суд требал да ги преземе при повторното постапување, меѓутоа Апелациониот суд во решението наведува дека судот при повторното судење не постапил во целост по дадените напаствија, не ги отстранил констатираните повреди и не ги утврдил решителните факти во повторената првостепена постапка.

Извор: Вечер