Ротердам го потресуваат експлозии на секои два дена

Сподели со своите пријатели

Во синоќешните две експлозии во згради во холандскиот град Ротердам, нема повредени, но се оштетени предметите, со што вкупниот број на експлозии во тој град овој месец се искачи на 15, соопшти денеска холандскиот национален сервис НОС.

Loading...

Првата експлозија се случила околу еден часот по полноќ во зграда на Зукидерстрот во западниот дел на Ротердам, каде од ударот се искршиле неколку прозорци, а втората неколку часа подоцна, во берберница на Хадсонплејн, околу еден километар и на половина од првата експлозија.

Полициската истрага е во тек, но засега никој не е уапсен, ниту пак е јасно дали има поврзаност меѓу двете експлозии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

НОС потсетува дека овој месец експлозии имало на секои два дена, додека минатата недела имало дури шест експлозии.