Роскосмос испраќа ракета да ги врати руските и американските астронаути

Сподели со своите пријатели

Руската агенција Роскосмос денеска објави дека ќе го лансира вселенското летало Сојуз МС-23 на 20 февруари за да донесе дома двајца космонаути и еден американски астронаут од Меѓународната вселенска станица, откако беше откриено дека оригиналната капсула истекува течност минатиот месец.

Loading...

– Се продолжува експедицијата на Сергеј Прокопиев, Дмитриј Петелин и Франциско Рубио на МСС. Тие ќе се вратат на Земјата во „Сојуз МС-23“ – објави Роскосмос.

За потсетување, истекувањето кое беше откриено на 14 декември е резултат на мала дупка во надворешниот ладилник на капсулата Сојуз МС-22, пренесува Ројтерс.

Капсулата моментално е прикачена на орбиталната станица, а во март беше планирано посадата да се врати на Земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над половина од Американците поддржуваат забрана на ТикТок?