„Рома труба фест“ вечерва на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Српската пејачка Анабела ќе биде ѕвезда на годинешното издание не фестивалот на дувачки инструменти „Рома труба фест“ во Куманово.

Loading...

Фестивалот се одржува вечерва по 19ти пат, со почеток во 19:30 часот на градскиот плоштад.

Освен Анабела која е најавена како музичка ѕвезда на вечерта, ќе настапат и Оркестар „Кеми Асанов“, Оркестар „Кочани“; Исидор Зечировиќ, Демир Уска Кантуров, Кристијан Азировиќ, Роберт Демировиќ и оркестар „Сандански“.

Организатор на фестивалот и годинава е Ансамнблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а со финансиска поддршка од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура.

Никола Ивановски