Дамјан Робев од вчера е ново засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово.
Loading...
Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Македонија, роден е 1997 година, висок 193 сантиметри и игра на бековската позиција.
Робев изминатите две години играше во составот на КК Вардар, а Куманово ќе биде негов трет клуб во професионалната коариера, со оглед дека претходно имаше играно и во редовите на Гостивар.
КК Куманово изминатиот период ги обнови договорите со осум кошаркари, а тренерската позиција ја презема Владимир Мирковски, кој исто како и Робев доаѓа од редовите на КК Вардар.
Никола Ивановски / фото: Instagram printscreen