Рига: Во северниот дел на Косово пукаno врз латвиски војници

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Летонија денеска на Твитер објави дека е пукано врз латвиски војници како дел од КФОР на северот на Косово.

Loading...

„Во неделата, на 25 декември, летонските мировници беа застрелани додека патролираа во Косово. Во инцидентот нема жртви. Косовската полиција и НАТО-КФОР започнаа истрага“, се вели во објавата на Твитер, пренесе Репортери.

Белградските медиуми објавија дека синоќа имало пукање во Зубин Поток, а приштинска Коха објави дека на тоа место била нападната екипа на КФОР.

Според приштинскиот весник, нападнати биле латвиски војници во КФОР, а нема информации за повредени, ниту пак се знае со што биле нападнати.