Рибарско село во Куба кое изгледа како од бајките (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една од необичните дестинации која од главниот град на Куба е одалечена само 45 минути, стана многу атрактивна и секоја година привлекува многу туристи. Се работи за мало рибарско село на Хајманитас кое посетителите ги остава без здив.

Loading...

Ова село има изглед кој е познат и надвор од границите на земјата, а го уредил жителот Хосе Родригез Фустер кого мештаните го нарекуваат „Пикасо од Карибите“, пренесува Cubaholidays.

Тој секоја куќа, капиа, улица и автобуска станиц аја украсил со преубав мозаик. На овие мозаици можат да се видат цртежи од пилиња, крокодили и палми, а низ целата населба има исто така знамиња на Куба и пораки „Да живее Куба“.

Фустер себе се опишува како голем обожавател на делата на Пикасо и Гауди, а неговиот стил од нивните се разликува според Фустеровите специдични детски линии кои делуваат многу наивно, нежно и невино.

Граѓаните се горди на Фустер и неговите уметнички дела, а сметаат дека сега изглед амногу поинтересно отколку претходно кога не било украсено со мозаици. Целата населба ја нарекуваат „Фустерландија“ според својот познат уметник.

Тој првобитно во 1975 година, својот дом го претворил во музеј, па го украсил со мозаик.

– Започнав да го градам својот сон, рекол тој во една прилика, а пренесува Индепендент.

Овој проект е вистински пример како архитектурата оди подалеку од физичната функционалност и формира цела заедница.

Loading...

Leave a Reply