Во пресрет на осмото издание на фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ 2026, утре вечер (20 мај) во 20 часот во Герила кафе во Куманово ќе се одржи ревија на кратки филмови од последните две фестивалски изданија одржани во 2024 и 2025 година.
Настанот е во организација на фото-кино клуб „Козјак“, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.
Пред кумановската публика ќе бидат прикажани осум кратки филмови од различни земји, меѓу кои Македонија, Русија, Шпанија, Данска и Филипини.
Организаторите најавуваат дека ревијата ќе биде своевидно загревање за фестивалската атмосфера една недела пред официјалниот почеток на ФИЛМАЈ 2026.
На програмата се филмовите „Прошетка“ од Македонија, „Достоинствено“, „Нова“ и „Бабушки“ од Русија, „Синкопат“ и „Пиљарот и сопругот“ од Шпанија, „Дрвја бојосани со катран“ од Данска, како и „Жими се’ најмило“ од Филипини.
Осмото издание на ФИЛМАЈ 2026 фестивалот на краток филм ќе се одржи на 27 и 28 мај (среда и четврток) со почеток од 20 часот во Големата сала на Занаетчиски дом во Куманово.
Никола Ивановски

