Ременски: Диме Спасов оставил 6.603 домаќинства без социјална помош (видео)

Сподели со своите пријатели

Во тек е вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа низ Република Македонија, истакна на денешниот прес министерката за труд и социјална работа Фросина Ташевска – Ременски.

Loading...

Според Ременски, инспекторите денес утврдиле голем број на недостатоци во работењето на овие установи.

На граѓаните не им е одговарано во законскиот рок од 60 дена за остварување на правото на социјална заштита. Извештаите од непосредниот увид во семејствата направени од страна на центрите не ја опишуваат во целост состојбата што дава можност за злоупотреба при давање на овие права. И замислете во делот од предметите не е изготвен наод и мислење на стручен работник што е спротивно на сите процедури.

Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства кои примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства. Ако имаме 6.603 домаќинства со минимум 4 лица по домаќинство тогаш бројот е 26.412 лица кои останаа гладни и без егзистенција заради лошите политики на ВМРО ДПМНЕ, а не заради подобрената социјална помош на овие домаќинства.

Како што  веќе објавивме, по 1400 предмети по жалбена постапка за остварување на правото на социјална парична помош не е решавано од февруари до 15 ноември 2015 година. Овие 1400 предмети се 1/4  од семејствата кои изгубиле право на социјална парична помош. Претходниот министер за труд и социјална политика спротивно на неговата законска обврска не донел решенија по жалби за 1400 семејства кои го изгубиле правото на социјална парична помош.  Претходниот министер, одлучувањето по овие жалби несовесно, знаејќи дека го крши законот, го пренел на службеник на пробна работа во министерството, кој нема право да одлучува и решава по барање на граѓаните во управна постапка. Овој службеник селективно решавал за судбината на овие семејства. Пристапивме кон ревидирање на подзаконските акти на Законот за социјална заштита, што го уредува начинот на добивање и губење на социјална парична помош, со цел олеснување на пристапот до социјална парична помош на граѓаните на РМ. Со цел овие состојби да бидат констатирани од надлежен инспекциски орган, на 18 ноември поднесов барање за постапување до државниот управен инспекторат и очекувам тој да постапи со истата експедитивност како што постапи по анонимна претставка на граѓани по дезинформациите во медиумите.

Ременски најави дека ќе бидат искористени сите законски можности и постапки за утврдување на одговорност за непостапувањето по по жалби и постапување спротивно на овластувањата.