Температурите низ Кина го достигнаа или надминаа рекордното ниво за мај, соопштија денеска кинеските власти.
Се очекува топлотниот бран да продолжи во поголемиот дел од јужна Кина, што може дополнително да ја оптовари електричната мрежа, најавија метеоролозите.
Метеоролошките станици на 446 локации регистрираа температури кои се еднакви или повисоки од највисоките досега забележани за мај, изјави денеска заменик директорот на Националниот центар за клима Гао Ронг, пренесува Гардијан.
Во понеделникот метеоролошката служба на Шангај извести дека градот забележал температура од 36,1 целзиусови степени, пренесува Танјуг.
Претходниот рекорд за мај беше 35,7 степени целзиусови, што се случи во 2018 година.
Во текот на следните три дена, поголемиот дел од јужна Кина се очекува да забележат температури над 35 степени, додека некои области ќе надминат 40 целзиусови степени, се вели во денешниот извештај на метеоролошката служба.
Ова може да ја оптоварува електричната мрежа бидејќи побарувачката за уреди за ладење се зголемува во големите градови како Шангај, пишува британскиот весник.