Оваа година, за првпат во историјата, беа извршени повеќе смртни казни во САД отколку во сите земји во светот заедно, се вели во годишниот извештај на Центарот за информации за смртните казни од Вашингтон, објавен денеска.
По седумнаесетгодишна пауза, претседателот Трамп нареди извршување на смртна казна во целосен обем, така што беа извршени рекордни 10 егзекуции во САД во текот на 2020 година, најмногу од 1800 година.
– Ова никогаш порано не е видено. Дури не се надевавме дека ќе се случи вакво нешто и веројатно ќе помине многу време пред да се повтори вакво нешто, ако некогаш се повтори, изјави Роберт Данам од Центарот за информации за смртни казни во Вашингтон.
Администрацијата на Трамп закажа уште три егзекуции во јануари, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
Златко Шумковски