Речиси три четвртини од Германците се незадоволни од работата на владејачката коалиција предводена од Социјалдемократската партија и канцеларот Олаф Шолц, покажува анкетата чии резултати ги објави новинската агенција ДПА.
Само 23 отсто се задоволни од работата на т.н „Коалицијата на семафорите“ на СДП, Зелените и либералната ФДП, покажаа резултатите од истражувањето на Институтот ЈуГов.
Повеќе од две третини од речиси 1.300 испитаници рекоа дека не веруваат дека Шолц може да ги реши најгорливите проблеми на земјата, вклучувајќи слаб економски раст, висока инфлација и опаѓање на деловната доверба, а 18 отсто од нив очекуваат дека сегашната владејачка коалиција ќе може да повторно победи на изборите во 2025 година.
Како што беше случај пред еден век, економските потешкотии што следеа се покажаа како плодна почва за популизам, при што поддршката за германската екстремно десничарска AfD се искачи на рекордно ниво во последниве месеци, што ја турка понатаму пред левичарскиот социјалдемократски центар на Шолц, проценува Блумберт.
Американската агенција соопшти дека германската економија, долгогодишниот мотор на раст на Европа, опаѓа неколку квартали по ред, а довербата во деловните можности повторно падна во август, иако економијата успеа да излезе од рецесија во вториот квартал.