Речиси 200 шумски пожари горат низ Америка: Вонредна состојба во една држава

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава поради повеќе од 175 пожари кои досега изгореа 1.711 хектари земја.

Loading...

Противпожарните екипи напредуваа во контролирањето на пожарот во областа Каролина Форест, западно од крајбрежното одморалиште Миртл Бич, каде на жителите им беше наредено да се евакуираат неколку населби, соопшти пожарникарската служба на округот Хори, пренесе АП.

Шумарската комисија на Јужна Каролина во неделата вечерта процени дека пожарот изгорел 6,5 квадратни километри вегетација и дека дотогаш 30 отсто од пожарот биле ставени под контрола.

Во Северна Каролина, шумската служба на САД соопшти дека противпожарните екипи работат на спречување на повеќекратните пожари кои зафатија четири шуми низ американската сојузна држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човекот со најголемо влијание врз Трамп: „Време е Америка да ги напушти НАТО и ОН“

Најголемиот пожар во државата зафати околу 162 хектари од националната шума Увари, на околу 80 километри источно од градот Шарлот, од кои една третина е ставена под контрола.

Националната метеоролошка служба предупреди на зголемена опасност од пожари во регионот поради комбинација на критично сува вегетација и многу ниска релативна влажност.

 

Loading...