Изгледа дека сладоледот на многумина им е омилен грев, а за да ви помогнеме во текот на летото да останете доследни во водењето сметка за својата линија, ви пренесуваме рецепт како да уживате во омилениот летен десерт, односно нискокалоричен сладолед од јагоди.
Потребни состојки:
- 300гр. Јагоди
- 200мл. Кокосово млеко
- Прстофат бурбон од ванила
- 3 лажици мед
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во фрижидер неколку часа пред да почнете со подготовка на сладоледот.
Исчистете ги јагодите, пресечете ги на половина и ставете во блендер. Додадете кокосово млеко, бурбон, ванила и мед. Сето тоа добро изблендирајте додека не добиете кремасто соединение.
Сместа може да ја ставите во псоебни калапи за сладолед и да ја ставите во замрзнувачот, додека не се стегне.
Уживајте во овој здрав сладолед, без грижа на совеста за вашите килограми.