Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, од транзитниот центар Табановце до Општа Болница Куманово, на 17 декември е однесено едно лице од Авганистан, а во прашање е шестмесечно бебе, згрижено на Одделението за педијатрија, со дадена терапија и извршени здравствени прегледи.
Бебето било ставено на набљудување во дневна болница, а по стабилизирање на состојбата е вратено во ТЦ Табановце.
Во изминатите 24 часа, тимовите на Итна медицинска помош не пружиле здравствена заштита на мигранти.
Регионалниот центар во дневниот извештај информира дека е во постапка местење на заштитна мрежа покрај пругата, со доставени кревети до МТСП од страна на ИОМ, и тоа 8 кревети кои се намонтирани и поставени во ИКЕА модулите, како и премрежување на струјата во текот на наредните денови на главното трафо кое е поставено од страна на Министерството за труд и социјална политика.
На редовниот координативен состанок од страна на ЦУК и МТСП со невладините организации е донесена одлука за пренамнена на храната во текот на наредните денови, т.е од ладна храна да се премине кон делење на топли оброци и напитоци.
Во моментот, според извештајот на РЦУК, на Табановце се врши редовна достава на нафта потребна за функционирање на осумнаестте тајфуни кои се поставени во шаторите.
Loading...