Разорен земјотрес во Мароко: Над 820 загинати!

Сподели со своите пријатели

Мароканското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека бројот на загинатите во разорниот земјотрес кај Маракеш се искачи на 820, а најмалку 672 лица се повредени.

Loading...

Во соопштението се наведува дека 205 лица се тешко повредени.

Спасувачите се уште се на терен и се очекува да се зголеми бројот на загинати и повредени.

 

 

Министерот за внатрешни работи Абделуафи Лафтит на брифинг со новинарите во Рабат изјави дека се верува дека многу од жртвите се во оддалечените области на планините Атлас, каде што е епицентарот на земјотресот.

Тој додаде дека има информации за семејства затрупани под урнатините на нивните домови, а апелира до жителите да даруваат крв за повредените, како и да не се враќаат во своите домови, поради што повеќето луѓе ноќта ја поминале на улица.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок

Тој рече и дека е голема и материјалната штета.

 

 

Претходно беше соопштено дека загинале околу 630 лица.

Прелиминарната проценка на Американскиот геолошки институт е дека земјотресот што се случи синоќа во 23.11 часот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а Националниот центар за научни и технички истражувања со седиште во Рабат соопшти дека земјотресот бил со јачина од седум степени според Рихтеровата скала и дека неговиот епицентар се наоѓа во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.

Земјотресите со јачина од 6 до 6,9 степени според Рихтеровата скала се карактеризираат како силни, можат да предизвикаат штети во населени места на 160 километри од епицентарот, а околу 120 од нив се случуваат годишно во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  BBC: Иранска тинејџерка сексуално нападната и убиена од мажи кои работеле за безбедносните сили

Оштетена е џамијата Кутубија од 12 век во Маракеш, една од најпознатите знаменитости на градот.

Loading...

 

 

Мароканците објавија и видеа на кои се гледаат оштетени делови од познатите црвени ѕидови што го опкружуваат стариот град Маракеш, кој е под заштита на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Освен во Маракеш, тресењето на земјата се почувствувало и во Рабат, Казабланка, Агадир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека неговите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите кои се на терен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ерупција на вулкан, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе

 

Loading...

 

„ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки моменти“, напишаа на X.

И Велика Британија е подготвена да помогне, изјави шефот на дипломатијата на земјата Џејмс Клеверли.

„Британија ќе продолжи да им помага на сите Британци во регионот“, напиша тој на X и додаде дека на секој можен начин ќе им помогне на „пријателите“ од Мароко.

Претходно сочувство упатија индискиот премиер Нарендра Моди и германскиот канцелар Олаф Шолц.

 

Loading...