РАСПРОДАДЕНА ПОЛА САЛА: Голем интерес за стенд ап шоуто на Бојан Велевски и Марјан Георгиевски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Голем интерес за билет плус владее за стенд ап претставата на Бојан Велевски и Марјан Георгиевски во Куманово.

Loading...

Нивниот настап закажан за први април во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово разбуди голем интерес кај публиката.

Станува збор за стенд ап настапот „Можевме“, кој двајцата го изведуваат по текст на Божидар Божиновски, додека на сцената им се придружува и Игор Стојанов Баркли.

Темата на самото шоу е предизборната кампања, македонското општество и менталитетот и политичката култура.

Своите настапи ги нарекуваат „митинзи“, а ако сакате да присуствувате на митингот во Куманово билети може да си набавите во Тобако „Павел“ и „Зен кафе“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско

Никола Ивановски