Ракометарите на Куманово од следната сезона ќе се натпреваруваат во Суперлигата на македонскиот ракомет, откако освоија петто место во плеј-оф завршницата на Првата лига сезонава.
Loading...
На домашен терен кумановци викендов славеа против составот на Вардар Неготино со 27:22 и заслужено го добија местото во Суперлигата.
Предноста која кумановци на овој натпревар ја направија уште на самиот старт со 9:1 им донесе ветер во грб да продолжат и да ја чуваат предноста до самиот крај на средбата.
Најдобри стрелци беа Андреј Миладиновски и Влатко Тасевски.
Никола Ивановски