Раиси: Иран ќе им одржи лекција на одговорни за нападот во Шираз

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска предупреди дека иранските агенции за безбедност и спроведување на законот ќе ги „научат на памет“одговорните за нападот во градот Шираз, во кој загинаа најмалку 15 лица.

Loading...

„Искуството покажува дека непријателите на Иран, откако не успеаја да направат раскол во обединетите редови на нацијата, користат насилство и терор.

Ова зло дефинитивно нема да остане без одговор, а агенциите за безбедност и спроведување на законот ќе ги научат на памет оние што го организирале нападот“, рече Раиси, како што пренесува Ројтерс, цитирајќи ја иранската полуофицијална новинска агенција Тасним.

Најмалку 15 лица загинаа, а 10 се повредени во денешниот напад на мавзолејот на Шах Черак во иранскиот град Шираз.

Според иранската државна агенција ИРНА, тројца мажи отвориле оган врз посетителите.

Агенцијата ИРНА тврди дека напаѓачите дејствувале како поддржувачи на такфиризмот, радикална исламска идеологија.

На официјалната страница на иранското правосудство е наведено дека двајца од напаѓачите се уапсени, а третиот е во бегство.