Раиси денеска во Москва со Путин

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси, кој пристигнува во работна посета на Москва, денеска ќе се сретнат во Кремљ, пренесува Тасс.

Loading...

Како што соопшти прес-службата на Кремљ, на средбата ќе се разговара за актуелната агенда на билатералната соработка со акцент на реализацијата на претстојниот руско-ирански проект во областа на трговијата и економијата, вклучително и транспортот и енергетиката.

Покрај тоа, двајцата претседатели ќе имаат размена на мислења за клучните меѓународни и регионални прашања.

Според помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, Путин и Раиси би можеле да ги допрат темите за украинскиот конфликт и ескалацијата на Блискиот Исток.