Работници на „Водовод“ ја убиле и закопале малата Данка!

Сподели со своите пријатели

За жал, потрагата по исчезнатата Данка Илиќ во Србија (2) имаше трагичен крај.

Loading...

Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утринава се уапсени две лица осомничени дека со автомобил го убиле малото девојче, а потоа ѝ го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

Телото на убиената Данка го фрлиле во депонија

– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службено возило „фиат панда“ удрила во пешакот, двегодишната Данка Илиќ, при што ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело.

По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.

– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојката и ја усмртил – вели извор од истрагата.

Loading...

Убиената Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор.

Кога исчезнала била со мајка ѝ и брат и оттогаш и се губи секаква трага.

Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Данка Илиќ е убиена, а двајцата го признале делото.

Убијците ја одвеле полицијата до местото каде што го фрлиле телото.