Работилница за куклена уметност се одржа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Изминативе два дена во Центарот за култура Трајко Прокопиев Куманово, се оддржа работилница за театарска куклена уметност на која пристуствуваа уметници и заинтересирани од Македонија кои активно учествуваа во работилницата преку вежби и теорија.

Loading...

Предавачи беа гостите до Република Бугарија, Гергана Трајкова која е театарски критичар, драматург во Театарот во Враца, предавач по историја на театар и куклен режисер, и Георги Маноел Димитров,  артист, солист, предавач за актерско мајсторство за куклен театар на НАТФИЗ Крсто Сарафов во Софија и основач на курс по куклотерапија за деца.

– Навистина сме воодушевени од интересот и посветеноста на сите учесници во оваа дводневна обука и работилница и благодарни на домаќините од Театарот во Куманово што не поканија да ја претставиме оваа сфера од театарската уметност која во Бугарија има долга традиција и е застапена и практикувана во скоро секој театар. Кукленоста како што самиот поим кажува е една посебна дисциплина и уметност од театарската уметност која си има свои правила и законитости, а куклата и актерот во оваа дејност за да истата биде на ниво на задачата мора да се сплотат и да создадат една целина која ќе ни ја раскаже приказната преку заедништвото што на сцена ќе треба да го прикажат и претстават актерот и куклата на која актерот ќе му даде живот, емоција и особина. Ние сме подготвени да дојдеме повторно, и драго ни е што запознавме тука луѓе кои го сакаат театарот, сакаат да научат и да усвојат нешто ново за кукларството и сигурни сме дека со заедничка работа и посветеност можеме да направиме и да ја популаризираме оваа сфера и дејност од театарот и во Македонија – изјави обучувачот Георги Маноел Димитров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, осомничени дека претепале сограѓанин

 

 

Оваа работилница беше вистинска инспирација, незаборавно искуство какво што посакувам да му се случи на секој еден кој се занимава со креативна работа. Во земјава, многу малку знаеме, работиме и гледаме куклен театар (освен во Театар за деца и младинци и ретко по други места) и многу малку знаеме за кукларството и каква неверојатна, комплексна и убава работа е тоа. Во една прекрасна и забавна атмосфера, освен што научивме нови работи, пробавме некои техники, се запознавме со различни видови на кукли и начини на работа/игра со нив. За предавачите Георги и Гергана можам да кажам дека е реткост  и вистинско богатство да се запознаат толку инспиративни луѓе, пред сѐ млади луѓе кои целосно се посветени на својата работа и својот занает, кои имаат неверојатно знаење, искуство, жар и љубов за таа толку специфична работа – куклениот театар. Бугарската школа е доста напредна и позната во таа област, додека во Македонија и воопшто нема катедра за кукларство, па така овие средби се доста значајни за нас, од нив многу може да се научи. Без разлика на возраста, секогаш е прекрасно и инспиративно да се учат нови работи, посебно за нас актерите. Лично, ме инспирираше од многу аспекти, и како актер и како некој кој долги години работи со деца (проекти, претстави, драмско студио, театар на сенки), би сакала да се занимавам со куклен театар во иднина, навистина отвора еден богат свет на имагинација и игра која е ослободувачка и креативна, фасцинирана од тоа дека може да се создаде од ништо – нешто! Се надевам на уште многу вакви работилници и соработки во и надвор од земјава, тоа е здраво и значајно за нашиот театар изјави Нина Максимова, актерка во Театар Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од лакови за нокти до гуми за камиони. Што сѐ запленија цариниците на Табановце? (ФОТО)

Куклите кои ги донесоа гостите од Бугарија се од Кино – театар „Б’лгаран“ од професор Румен Рачев и доцент Борјана Георгиева;

Loading...

„Кловнови и кукли“ сценарио и претстава од професор Жени Пашова, доцент Петар Пашов и Георги Спасов, кукли – Валентина Германова.

Инаку со ова професија во Република Бугарија се занимаваат неколку истакнати мајстори кои ги изработуваат театарските кукли за тамошните театри.

Интегрално соопштение