Работи кои генетски ги наследуваме од родителите

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте помислиле дека тоа што лесно избувнувате и донесувате импулсивни одлуки може да биде резултат на вашето генетско наследување.

Научниците не можат точно да одредат како гените влијаат на личност, а како околината и начинот на растењето. Но, сепак се свесни дека гените влијаат во голема мера.

Работи кои генетски можете да ги наследите од родителите:

Импулсивност

Иако не постои конкретен ген кој е носител на карактерната особина импулсивност, сепак, пронајдени се неколку од оние кои можат да влијаат на неа.

Се разбира, покрај гените, на тоа влијае и што живеете со родители кои импулсивно реагират, па вие го следите нивниот пример.

7 работи кои родителите треба да ги научат своите деца за да израснат во силни луѓе

Loading...

Проблеми со спиењето

Причините за хиперсомнија (зголемена поспаност во текот на денот), инсомнија или парасомнија (пореметување во спиењето), се наоѓаат во вашите гени.

Се разбира, на краткорочната состојба може да влијаат стресот и напнатоста, но ако станува збор за состојба која трае подолго, тогаш виновни се гените.

Агресија

Покрај околината и лошото образование, некои луѓе се генетски предодрдени да бидат „борбени“.

Откриен е ген кој предизвикува луѓето многу да се концентрираат само на своите сопствени интереси, па се поагресивни за да ги заштитат и подготвени се да преземат големи ризици во тоа име.

Рефлекс за кивање

Помеѓу 18 и 35 проценти од луѓето имаат рефлекс кој ги тера да киваат кога очната ретина ја иритира силна светлина.

Истражување од 2010. година покажало дека два гени се виновни за ова.

Со вакво однесување родителите ги „убиваат“ амбициите и самостојноста на децата

Кривење на малиот прст

Медицинската состојба clinodactyly, во која доаѓа до кривење на малиот прст, на децата им се пренесува преку гените.

Ако кривењето е мало, тогаш не претставува проблем, но ако е големо и пречи во извршување на одредени обврски, тогаш потребна е хирушка интервенција.

Форма на ушните школки

Научниците тврдат дека постојат гени со кои децата од родителите ја наследуваат формата на ушните школки.

Гени против т.н. хронична планинска болест

Еден од главните проблеми на животот на високи надморски височини е нискиот атмосферски притисок. Тоа доведува до недостаток на кислород во телото. Кај човекот кој целиот живот живеел во рамнина, а потоа се качил на планина, бројот на црвените крвни зрнца се зголемува, а на тој начин и дотокот на кислород. Но, променетиот состав на крвта може да доведе до срцеви заболувања и да развие т.н. хронична планинска болест.

Кај Шерпас од Источен Непал, на пример, телото се соочува со недостаток на кислород без негативни последици по кардиоваскуларниот систем. Тоа е адаптација на надморската височина која е генетски условена.

Како караницата на родителите им штети на децата?

Долговечност

Покрај здравиот начин на живот без пушење и консумирање алкохол, на долговечноста влијаат и гените.

Типичните болести на старите луѓе како што се дијабетес и срцевите заболувања, се јавуваат значително покасно кај луѓето кои имаат долговечни предци.

Потење

Звучи чудно, но некои гени се виновни ако многу се потите. Ако е тоа претерано и постојано, размислете дали би можело да ви биде наследено од родителите.

Кратковидност

Кратковидните луѓе имаат поголема веројатност да добијат деца кои ќе го имаат истиот проблем. Болестите на очите се пренесуваат од генерација на генерација.

Поддршката на родителите е клучот за успехот на децата (видео)

Предиспозици за дебелење

Дури 70 отсто од вашата предиспозиција кон дебелењето можат да зависта од вашите гени. Се подразбира дека има исклучоци од оваа правило. Но, ако наследите такви гени од родителите, тогаш согорувајте повеќе калории од што внесувате и ситуацијата може да се поправи.

Leave a Reply