„Путин знае дека погреши, но никогаш нема да признае“

Сподели со своите пријатели

Поранешниот врховен командант на сојузничките сили на НАТО Џејмс Ставридис смета дека рускиот претседател Владимир Путин сега сфатил дека направил грешка кога решил да изврши инвазија на Украина.

Loading...

„Мислам дека во темните, тивки часови, во два часот наутро, кога ќе се разбуди, сфаќа дека згрешил. Никогаш нема да го признае тоа јавно, никогаш. Тој ќе продолжи да ја одржува оваа фикција дека Украина ја водат неонацисти, смешно“, рече Ставридис.

„Сè што се случи беше дело на Путин“

„Путин ќе тврди дека НАТО некако го турна во овој конфликт. Се што се случи беше дело на Владимир Путин, вклучително и инвазијата, санкциите што следеа. Тој тоа го знае во своето срце, но никогаш нема јавно да го признае“, додаде Ставридис. .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Сите инволвирани во терористичкиот напад во „Крокус“ мора да бидат казнети

Тој коментираше и кога би можела да заврши војната, наведувајќи дека двете страни се најмалку шест месеци до изнаоѓање решение.

Сепак, тој рече дека она што „не води кон преговори се тешкотиите со кои се соочува Путин бидејќи губи војници“ и уништувањето на руската воена опрема.

Според Ставридис, Путин за половина година ќе биде во многу тешка ситуација

Би рекол дека за шест месеци ќе биде во многу тешка ситуација“, изјави поранешниот шеф на НАТО за Путин. Тој посочи и дека трпението на Западот и протокот на пари и оружје не се бесконечни.

„Мислам дека и двата фактори на крајот ќе ги принудат двете страни да дојдат до некакви преговори“, заклучи Ставридис.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.