Путин: Западот ја користи Украина за да ја уништи Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека неговата земја никогаш нема да попушти пред западните обиди да ја искористи Украина како алатка за уништување на Русија.

Loading...

Во новогодишната видео порака емитувана на руската државна телевизија, Путин рече дека Русија се бори во Украина за да ја заштити својата „татковина“ и да обезбеди „вистинска независност“ на својот народ.

Во деветминутната порака – најдолгото новогодишно обраќање од неговото дведецениско владеење – Путин го обвини Западот дека ја лаже Русија и дека ја провоцира Москва да започне, како што рече, „специјална воена операција“ во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

– Со години западните елити лицемерно нѐ уверуваа во своите мирољубиви намери – рече тој во говорот снимен пред рускиот воен персонал во седиштето на Руската јужна воена област.

– Всушност, на секој можен начин ги охрабруваа неонацистите кои спроведуваа отворен тероризам против цивилите во Донбас – рече Путин во невообичаено борбениот новогодишен говор, вообичаено посветен на добрите желби за следната година.

Во текот на денот, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вети дека победата во Украина е „неизбежна“ откако го пофали херојството на руските војници кои се бореа на фронтот и оние кои загинаа за време на 10-месечната војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

– Западот лажеше за мирот. Се подготвуваше за агресија, а сега цинично ја користи Украина и нејзиниот народ за да ја ослабне и подели Русија – рече рускиот лидер во новогодишното обраќање.

-Никогаш не сме дозволиле и никогаш нема да дозволиме некој да ни го направи тоа – ги цитираат руските државни агенции зборовите на Путин од видеото кое беше емитувано на полноќ на далечниот исток на Русија.

Loading...

Киев и Западот ги отфрлаат тврдењата на Москва за почеток на конфликтот и велат дека Путин започнал неоснована агресивна војна во обид да заземе територија и да го собори украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина