Путин назначи нов началник на Главниот штаб на руските копнени сили

Сподели со своите пријатели

Генерал-полковник Александар Лапин е назначен за началник на Главниот штаб на руските копнени сили, пренесува ТАСС повикувајќи се на извори блиски до руското Министерство за одбрана.

Loading...

Во 2017 година Лапин беше назначен за командант на Централниот воен округ, а до крајот на октомври 2022 година беше задолжен за Оперативниот команден центар за конфликтот меѓу Русија и Украина.

„Генералот Лапин навистина е назначен за началник на Генералштабот на руската армија“, изјавил извор за ТАСС, додека друг извор прецизирал дека назначувањето било извршено на крајот на минатата година.

Руското Министерство за одбрана и другите државни институции се уште официјално не го објавија назначувањето на Лапин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Њујорк Тајмс: Руската надворешна трговија на ниво пред војната, санкциите неефикасни