Путин и Лукашенко утре на средба во Минск

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека утре на 6 декември во Минск ќе се одржи состанок на Врховниот државен совет на Федералната држава на кој ќе учествуваат претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Loading...

Посебно внимание на средбата ќе биде посветено на прашањата за зајакнување на заедничкиот одбранбен простор на двете земји, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Состанокот на Врховниот државен совет на Федералната држава се совпаѓа со 25-годишнината од Договорот за основање на Унијата, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13 лица загинаа во руски напад на Запорожје