Путин дементира вмешаност на Кремљ во труењето на Навални

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги отфрли гласиите дека Кремљ е вмешан во труењето на опозиционерот Алексеј Навални, обвинувајќи ги американските разузнавачки служби дека ги поттикнуваат таквите тврдења.

Loading...

– Да постоеше таква желба, тоа би било направено, истакна Путин.

Русија повеќе пати демантираше дека Навални е отруен на 20 август во Томск со токсичната супстанца Новичок, што беше детектирана во западните лаборатории по неговата хоспитализација во Германија.

Истражувачкиот сајт Белингкат (Bellingcat) објави дека експерти за хемико оружје на руските разузнавачки служби го следеле Навални со години, вклучително и летово во Сибир. Белингкат ги објави имињата и портретите на тие лица и нивните шефови.

Путин тоа го нарече „легитимизација на материјалите на американските разузнавачки служби“.

Тој додаде и дека Навални го обвинува Кремљ за труењето поради сопствениот политички рејтинг.

Марина Илиевска

Leave a Reply