Улиците „22“ и „24“ од населба Карпош добија ново руво. Вчеравечер делегација од локалната самоуправа предвордена од градоначалникот на Општина Куманово со сечење лента симболично ги пушти улиците во употреба.
Loading...
[huge_it_gallery id=”372″]
На свеченото пуштање во употреба, присуствуваше и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и членови на Општинската организација на СДСМ Куманово.
Ренобирањето на оваа улица е во рамките на проектот за санација, крпење и асфалтирање на улиците во градските и приградски населени места, план кој Општина Куманово го има усвоено согласно Буџетот и потребите.
Инаку, претходно реконструирани беа уште неколку улици во населба Карпош, од кои последна улицата „200“, а асфалт добија и неколку улици во Којнаре и Ајдучка Чешма.