Пуштена во употреба улицата „200“ во населба Карпош (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски заедно со претставници од локалната самоуправа вчера ја пушти во употреба целосно реконструираната и асфалтирана улица „200“ во населбата Карпош.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”343″]

 

Во тек е реконструкција и поплочување на уште неколку помали улици во населбата, а сето тоа објавено како дел од програмата уште во јануари.

Дефинитивно во соработка со месните организации, Советот на општината кој ја гласа програмата и администрацијата која ја спроведува оваа програма, на некој начин без разлика на сите политички превирања во Република Македонија ние нашата задача е да ги следиме интересите на граѓаните – изјави Дамјановски.

 

Околку 28 илјади метри квадратни оваа пролет во Општина Куманово ќе добијат нов асфалт, а 15 илјади квадрати е поплочување на улиците, како и реконструкција на дел од тротоарите во централното градско подрачје.

Куманово оваа година се одлучи на повеќе инфратструктурни проекти се со цел да ги решава инфраструктурните проблеми на приградските населби. Тоа е дел од нашата агенда, минатата година работевме реконструкција во централното градско подрачје. За пет дена отпочнува одбележување и санација на некои ударни дупки во центарот на градот. Значи со пролетта отпочнуваме да ги одбележуваме хоризонталната сигнализација, крпење на овие дупки и решавање и реконструкција на приградските населби – додава Дамјановски.

Жителите од улицата 200 се презадоволни што конечно ќе можат да излезат на улица, а да не се гушат од прашината или калта кога ќе падне првиот дожд.

 

Во следниот период ќе започне припрема за реконструкција на приодните патишта кои излегуваат на улицата 100, а градоначалникот вечерва во н. Горно Којнаре ќе пушти во употреба три целосно асфалтирани улици.

 

Loading...