Loading...
Тоалетите на ТЦ Табановце не се во функција откако поради ниските температури испукале сите цевки, јавува РЦУК во дневниот извештај, додавајќи дека во мобилните тоалети се скршени сите освен една чешма која е во функција со довод на вода.
Во дневниот извештај, РЦУК наведува дека во текот на Новогодишната ноќ, на ТЦ Табановце пристигнало осумчлено семејство од Авганистан, инаку баратели на азил, кои од Прифатниот центар Визбегово добиле дозвола да излезат, но и да се вратат до 22 часот. Откако настанало недоразбирање, семејството пристигнало на ТЦ Табановце, мислејќи дека имаат право да продолжат кон Србија, а подоцна поради недостаток на средства, на истите им е обезбеден превоз назад во Визбегово со возило на Црвен Крст.
Инаку, во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 16 вагони -3600 м.кв. и дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти, како и дезинфекција на осум такси возила, со тоа што таксистите кои пристигнале во 15 часот, одбиле да се изврши дезинфекција на нивните возила.
Како што јавува РЦУК, отсега дезинфекцијата на возовите ќе се врши на Железничката станица во Куманово по претходно целосно чистење на вагоните.