Пукање во близина на плажа во Флорида: Едно лице загина, две лица се ранети

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а две други се ранети во пукотница што се случила во Џексон Бич, Флорида, соопшти денеска локалната полиција.

Loading...

Оттаму додаваат дека двајцата повредени се во стабилна состојба, пренесува ABC.

Областа во центарот на тој град, во близина на плажата и баровите, беше затворена откако местото на инцидентот се прошири во тој дел од градот, рече наредникот Тања Теитор, додавајќи дека ќе остане затворен до понатамошно известување.

Таа најави дека надлежните и полицијата се уште трага по осомничените и ги повика граѓаните доколку имаат информации за нив да се јават во полиција.

„Пукањето се случи на отворено“, додаде Татор.

За време на пукањето, училишната област Џексонвил Бич побара од луѓето да се засолнат.