Прво видео надзор, па потоа публика во Спортската сала во Куманово

Сподели со своите пријатели

Првин видео надзор, па потоа публика на трибините во реконструираната Спортска сала во Куманово.

Loading...

Поучени од претходни искуства,  кога се што е изградено ново или реконструирано за неколку дена се крши и уништува, општина Куманово донела одлука да постави видео надзор во објектот со цел да се заштити новата и скапа опрема која ќе биде намонтирана.

Ова денеска го истакна градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање на совентичката од ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска Божиновска.

Постапката за набавка на таква опрема според Димитриевски е во тек, а тоа е една од причините зошто салата се уште не е пуштена во употреба.

– Сметам дека не е добро како градоначалник кој треба да се грижи за имотот на градот, да се пушти ваков проект, затоа што не постоеше предивден систем за виедео надзор и контрола за влез и излез. Немате евицендија колку луѓе ви се присутни во салата ниту колку луѓе ви излегле од салата и колку ја напуштиле. Дополнитено нема видо мониторинг и може да дојде до уништување на скапата опрема која е поставена таму. Побарав проширување на средствата и багодарен сум на Советот, мислам два милиони денари одвоивте и постпаката за таква опрема се уште трае, изјави градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заврши новогодишното украсување на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Loading...

Како што рече, „Максо не го украде бакарот од стариот кров“, туку тој бил продаден, а средства во износ од осум до девет милиони денари биле влеани во буџетот.

– Сакам со пресекот на состојба да ви кажам дека за Спортската сала во овој момент имаме потрошено неполни 3,3 до 3,5 милиони евра за сите преземени градежни активности во истата. Плус дополително реализирани многу ставки од самиот проект кој не ги содржеше ставките а во текот на градбата баравме проектантите да го прилагодуваат проектот поради пропусти од нивна страна на реални потреби, појасни градоначалникт.

Според Димитриевски проектот не предвидувал, но сепак се набавени нова спортска опрема, фитнес справи, а ќе се изгради и модерна стрелана. Паркетот е по сите ФИБА стандарди, како и спортското борилиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЛИДЛ ќе потикне уште поголемо ниво инвестиции во градот

 

 

За фамозниот семафор, Димитриевски вели дека не чини 10 милиони, туку еден милион денари.

– Семафор кој многу беше шпекулиран, кој наводно чинел 10 милиони денари, која ми ја донесоа фактурата на отпис, излезе дека чини еден милион денари, а истиот во фирма од Охрид чини 2 милиони. Ние ист таков поквалитетен набавивме за милон денари, но со комплетен мултимедијален сервис, кој беше прикажуван во јавноста како семафор, каде ист таков пред неколку години во салата „Борис Трајковски“ е набавен за 25 милиони денари плус ддв и да не ги набројувам другите сали во реигонот, бидејќи освен „Борис Трајковски“, освен салата на МЗТ, и нашата спортска сала друг не поседува таков комплетен универзален медијален центар конторлиран од едно место, појасни градоначалникот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Годинава нема да се поставуваат новогодишни тезги во Куманово

Датум кога салата ќе биде отворена Димитриевски не спомна, но рече дека откако ќе се реши партерното уредување околу објектот и ќе биде поставен видео надзорот салата ќе може да се користи.

Никола Ивановски