Првите 30.000 дози на „Фајзер“ пристигнуваат во Канада, вакцинирање од понеделник

Сподели со своите пријатели

Првите 30.000 дози на вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 треба да пристигнат во Канада во следните неколку дена, додека имунизацијата треба да почне веќе следниот понеделник, пренесуваат британските медиуми.

Loading...

Канада во средата стана третата земја во светот што ја одобри вакцината против коронавирусот изработена од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.

Прва дозволата за употреба на оваа вакцина ја даде Велика Британија, по што следеше Бахреин.

Според последните податоци, во Канада од почетокот на пандемијата се заразени приближно 443.000 лица, а досега умреле повеќе од 13.100 пациенти.

Сашко Димевски

Leave a Reply