Иако се мислеше дека истополовите бракови се работа на модерното време, еден геј пар успеал да се венча пред повеќе од 100 години и тоа во шпанска католичка црква.
Вистина е дека свештеникот кој ги венчал не знаел дека двете се жени.
Марсела Грација Ибеас и Елиса Санчез Лорига ги венчал свештеник во Галиција, не сомневајќи се дека едната од нив е прерушена во маж. Елиса во тој чин глумела маж, претставувајќи се како Марио. Сепак, набргу биле разоткриени и целиот живот го минале во бекство, пишува Дејли мејл.
Парот се запознал во Коруња, град на северозападот од Шпанија, а кога мајката на Марсела се посомневала дека нешто се случува помеѓу нив, ја испратиле во Мадрид. И покрај иницијалната разделба, марсела и Елиса повторно се сретнале во Мадрид и започнале да работат во училишта недалеку една од друга, рекол историчарот Нарцисио де Габриел.
Дел од нивниот план бил Марсела да објави дека ќе се мажи за својот роднина Марио од Лондон (кој ќе го глуми Елиса). Марио го крстиле, а потоа ја венчал Марсела.
Двете живееле среќно се додека не ги открил еден новинар од „Галиција“ кој со слика ја објавил нивната измама. Двете жени биле приморани да се преселат во Порто, од каде пребегнале во Буенос Аирес, бидејќи се плашеле дека ќе бидат приведени во Порторико и депортирани во Шпанија.