Прва декларирана лезбејка ќе биде гувернерка, член на генерацијата „З“ во Конгресот

Сподели со своите пријатели

Маура Хили ќе биде првата гувернерка која отворено се декларирала како лезбејка, избрана во државата Масачусетс, објавија медиумите, додека Максвел Фрост (25) ќе биде првиот член на генерацијата „З“ што ќе влезе во американскиот Конгрес.

Loading...

На среднорочните избори во вторникот, 51-годишниот демократ лесно го победи Џеф Дил, според Fox News и NBC.

Демократот Максвел Фрост освои место во Претставничкиот дом на Флорида, објавија повеќе американски медиуми.

„Напишавме историја за граѓаните на Флорида, генерацијата З и сите оние кои веруваат во подобра иднина“, напиша тој на Твитер.

Поранешната портпаролка на Доналд Трамп во Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс е избрана за гувернер на Арканзас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина