Италијанското обвинителство покрена истрага против Џејмс Катфилд, капетанот на јахтата на британскиот милионер Мајк Линч, која потона пред седум дена во близина на Палермо, при што загинаа Линч и уште шест лица.
Катфилд (51), државјанин на Нов Зеланд, е под истрага за убиство од небрежност и за бродоломот, објавија италијанските дневни весници Ла Република и Кориере дела сера, а пренесува Ројтерс.
Шефот на јавното обвинителство на градот Термини Имерезе, Амброџо Картозио изјавил дека иако јахтата потонала поради невремето, најверојатно се извршени повеќекратни убиства.
Јахтата потона кај Палермо минатиот понеделник, за неколку минути по невремето.
На потонатата јахта имало 22 лица, а 15 од нив биле спасени.