Пропагандистот на Путин: Германците ги симнаа маските. Смрт на фашистичките окупатори!

Сподели со своите пријатели

Новинарот на ББС Френсис Скар на Твитер сподели видео од емисија што се емитуваше на руската државна телевизија.

Loading...

На видеото се гледа како рускиот новинар Игор Короченко ја обвинува Германија за покренување на операцијата „Барбароса 2“ и го нарекува германскиот канцелар Олаф Шолц „уште еден Адолф Хитлер“.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц во суштина ја спроведе операцијата Барбароса 2. И врз основа на тоа треба да ги судиме постапките на сегашната германска влада. На еден или друг начин се случи реинкарнација на фашизмот. Затоа, Шолц треба да се гледа од Русија како друг Адолф Хитлер и Аналена Баербок (германска министерка за надворешни работи) како Рибентроп во здолниште“, рече Короченко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

„Жените како неа беа познати по нивните уникатни злосторства во женските концентрациони логори. И во таа смисла, крикот „смрт на фашистичките окупатори“ повторно е актуелен. Тие ги симнаа маските“, продолжи тој.

 

 

Германија и САД ветија дека ќе испорачаат тенкови

Оваа изјава на рускиот новинар дојде откако Германија претходно оваа недела објави дека ќе и испорача 14 главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина и ги овласти другите европски земји да испратат уште 88 тенкови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

САД, исто така, посочија дека планираат да достават 31 тенк Абрамс М1 на украинските сили.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека украинските екипажи во наредните денови ќе ја започнат обуката во Германија на германско производство Мардери, кои се борбени возила на пешадијата, додека обуката за тенкови Леопард 2 ќе започне „малку подоцна“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.