Пронајден мртов осомничениот за убиството на осум лица во близина на Чикаго

Сподели со своите пријатели

Осомничениот за убиството на осум лица во предградие на Чикаго се самоуби кога беше опколен од полицијата во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата во Џолиет, во близина на Чикаго во сојузната држава Илиноис на Фејсбук објави дека околу 20 часот и 30 минути по локално време го лоцирала и набрзо го опколила 23-годишниот Ромео Ненс во близина на Наталио во државата Тексас и дека тој извршил самоубиство.

Полицијата го бараше откако во неделата и понеделникот беа пронајдени осум застрелани тела на три различни локации во предградието на Чикаго.

Канцеларијата на шерифот во округот Медина, Тексас, на Фејсбук напиша дека добиле повик дека осомничениот за убиствата во близина на Чикаго се движел по автопатот кон Тексас.

Повеќе полицајци се упатиле кон бензинска пумпа и ја опколиле, каде што Нанс извршил самоубиство, соопшти канцеларијата на шерифот.

Полицијата во округот Вил и Џолиет, Илиноис, претходно соопшти дека не го знае мотивот за убиствата, но дека Ненс ги знаел неговите жртви.

ФБИ ѝ помагаше на локалната полиција во потрагата по осомничениот, изјави началникот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.

Жртвите биле пронајдени во неделата и понеделникот на три различни адреси, соопштија властите на прес-конференција претходно синоќа.

Loading...

Едно убиено лице беше пронајдено во неделата во куќа во округот Вил, Илиноис, а седум лица беа пронајдени во понеделникот во две куќи на истиот блок во Џолиет, што е на десетина километри северозападно од местото на настанот што полицијата прво го откри.

Полицијата, исто така, верува дека Ненс е поврзан со пукање во Џолиет, каде што еден маж беше ранет во неделата.

Полицијата се уште нема информации колку време биле мртви луѓето во куќите, а ги чека резултатите од обдукцијата.