Промоција на поезија на бугарскиот поет Ѓорѓи Иванов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер се оддржа промоција на книга на младиот бугарски поет и пејач, Ѓорѓи Иванов.

Loading...

Промотор на книгата  беше авторот, Пламен Тотев, издавач кој ги преведува и издава книгите на многу македонски автори, на македонски јазик во Бугарија.

Поетот Горѓи Иванов е по потекло од Варна и има дипломирано на Музичката академија во Софија.

Во Куманово поетот се претстави со својата збирка песни „Моите солзи на раните треви“,   која е преведена и на македонски јазик, за чија насловна песна има снимено и музичка композиција со која се претстави пред кумановската публика.

Покрај поезијата неговата специјалност е и поп и џез пеење. Во неговите песни главна тема е љубовта која се испреплетува со тагата.

Интегрално соопштение