Во вторник, 13. февруари, 18 часот во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово ќе се одржи поетско дружење со поетесата и слемерка Елена Пренџова по повод објавувањето на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“.
„Мини прирачник за поезија“ е седма по ред книга на Пренџова и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија. За неа поетесата изјавува: „Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови“. Книгата содржи десет есеи обајвени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови.