„Кралот од Алшар и изворот на животот“ е насловот на најновиот роман на кумановскиот автор Филип Петровски кој во среда со почеток во 19 часот ќе биде промовиран во Занаетчискиот дом во Куманово.
„Кралот од Алшар и изворот на животот“ е книга која ќе ве замисли длабоко за психологијата на животот, за значењето на животот и сите идни моменти кои технологијата ќе ни ги донесе или однесе преку авантурата што претстои.
Дејството е низ познати локации на Македонија. Во единствениот рудник на свет Алшар, во замокот во Бислим, во храмот на Кокино…
Промотори на книгата ќе бидат Соња Тодоровска, Анита Цветковска и Љубиша Петровски.
Станува збор за трет роман на Филип Петровски во соработка со издавачката куќа „Матица“, а под покровителство на Општина Куманово.
Никола Ивановски