Промоција на книга „Во главата пишувам расказ“ од Елизабета Баковска и Сашо Димоски

Сподели со своите пријатели

Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утревечер со почеток во 18 часот, во мала сала, ќе биде промовирана книгата „Во главата пишувам расказ“ од авторите Елизабета Баковска и Сашо Димоски.

Loading...

Промотор на книгата е Оливера Ќорвезироска. Промоцијата е дел од годишната литературна програма за 2022 година подржана од Министерство за култура.

Елизабета Баковска е писателка и книжевна теоретичарка, дипломирала на катедрата за Англиски јазик и книжевност, магистритала на истиот факултет, а во 2013 година докторирала на родови студии на институтот Евро-Балкан во Скопје.

Објавува литературни и критички текстови, најчесто за женското писмо. Авторка е на следниве дела: „ Житие на нашата љубов (поезија, 2003), Четири годишни времиња (раскази, 2004), Состојби на духот и телото по триесеттата (поезија, 2005), На пат кон Дамаск (роман, 2006).  Книгата „Во главата пишувам расказ“ е фото книга или  фотографска мапа, која е резултат на соработка помеѓу авторката и фотографот. Нарацијата е дополнета со фотографии, со што се засилува визуелното доживување и перцепирање на книгата од страна на читателите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведено лице избегало при спроведување кон Затвор Куманово

Интегрално соопштение