Промоција на „Авантурите на Космонаутко“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово утревечер со почеток во 19:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“.

Loading...

Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.

Со авторот Јанкуловски за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.

Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.

За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија.

Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска Унија во Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Прогласен  е за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 година.

„Авантурите на Космонаутко“ е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Министерството за култура.

Loading...

Интегрално соопштение