Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во југозападните делови. Минималните температури низ државата ќе се движат од 6 до 11 степени, додека максималните од 15 до 22 степени целзиусови.
Во Куманово и околината ќе преовладува претежно облачно време соможност за грмотевици и дожд во оделни делови, а ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 15 степени целзиусови.
Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе донесе заладување и во западните планинси предели врнежите че поминуваат во снег. Во вторник времето ќе биде студено за овој период од годината , а од среда ќе биде стабилно и суво со постепен пораст на температурата на воздухот.