Променет профилот на X на демократската кампања од @BidenHQ во @KamalaHQ

Сподели со своите пријатели

Профилот на платформата X на изборниот штаб на американскиот претседател Џозеф Бајден @BidenHQ е преименувана во @KamalaHQ, што е уште еден знак дека тимот на демократската кампања продолжува да работи со Камала Харис како кандидат на партијата на претседателските избори во ноември.

Loading...

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа на X објави дека одлучил да не ја прифати номинацијата за реизбор.

„Мои колеги демократи, решив да не ја прифатам номинацијата и да ја фокусирам целата моја енергија на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат. Првата одлука како партиски кандидат за 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој потпретседател, и тоа беше најдобрата одлука што ја донесов, сакам да ја дадам мојата целосна поддршка и да препорачам Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година, време е да се обединиме и да го победиме Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мексико распоредува 10.000 војници долж границата со САД

Во објавата на платформата X, Бајден изрази уверување дека е во најдобар интерес на неговата партија и земја да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.

„Најголема чест во мојот живот беше да служам како ваш претседател. Намерата ми беше да се кандидирам за реизбор, но верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и земја да се повлечам и да се фокусирам единствено на исполнување мојот мандат за остатокот од мојот мандат“, напиша Бајден.

Американскиот претседател, кој се опоравува од инфекција со коронавирус во својот дом во Делавер, најави дека ќе и се обрати на нацијата подоцна оваа недела за да даде повеќе детали за неговата одлука.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД се пофалија дека бродовите ќе минуваат низ Панамскиот канал без надомест, Панама негира

Претседателот на Демократскиот национален комитет (ДНК), Џејми Харисон, откако Бајден ја објави својата одлука да се пензионира, објави дека партијата „ќе преземе транспарентен и уреден процес во наредните денови“ за избор на нов претседателски кандидат за партијата на изборите во ноември.

Тој нагласи, по одлуката на претседателот Џозеф Бајден да се повлече од трката, дека демократите ќе го започнат процесот за да напредуваат како обединета Демократска партија со кандидат кој може да го победи Доналд Трамп во ноември.

Loading...

Харисон нагласи дека американскиот народ му должи огромна благодарност на Бајден за невидениот напредок што го постигна во изминатите четири години и дека ќе ја почитува неговата одлука.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран го отфрла планот на Трамп за присилно раселување на Палестинците