Проколната вила на богата вдовица има 200 врати кои не водат никаде (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сара Винчестер во 1881. година, по смртта на својот сопруг Вилијам наследила огромно богатство. Кружат приказни дека комуницирала со духови и дека имала многу бизарни идеи од кои настанала и познатата проколната вила.

 

Loading...

 

Вдовицата имено, наследила 20 милиони долари и од тоа изградила огромна куќа на 65 квадрати во Санта Клара во Калифорнија. Бидејќи била сама, станала депресивна поради губитокот на својот маж, па секојдневно имала разни хирови и решила да изгради палата за да и го свртува вниманието од болката.

Добро платени градежни работници секојдневно ги исполнувале хировите на својата газдарица.

 

 

Така настанал и Домот Винчестер кој има 300 соби на преку 7 ката, 13 бањи, две балски сали, 6 кујни, 47 камини, 2 подруми, 3 лифта. Сара сметала дека прогонетите духови се од убиените со пушката модел „винчестер“ која нејзиниот сопруг Вилијам ја измислил.

Куќата ја дизајниарала така што ги контактирала духовите со помош на табла па и давале инструкции, а куќата пораид тоа се смета за проколната. Со духовите наводно комуницирала во „Сината соба“ каде се наоѓале само маса, столица, креденец, пенкала и хартија.

 

Loading...

 

Сара наредила и поставување врата кои не водат никаде, за да ги намами духовите, но и да избега од нив. Поради тоа вилата има 2.000 врати и над 10.000 стаклени панели, но и врата кои лебдеат над кујните. Некои соби дури имаат прозорци кои гледаат во другите соби.

Легендата вели дека никогаш не спиела во иста просторија две ноќи по ред за да духовите не можат да и влезат во трага. Повеќе пати барала скали кои не водат никаде, само до плафонот.

 

 

Ниту една од двете балски сали никогаш не била користена.

Сара сакала црвено дрво, но не ја сакала бојата, па се морало да биде префарбано или прекриено. Нејзиниот омилен мотив била шарата на пајакова мрежа што може да се види насекаде низ домот.

 

 

Винчестер вилата по многу години намалена е на 3 ката и 160 соби. Овој преубав пример на викторијанска уметност, опремен е со парно греење, модерни тоалети, па дури и хоризонателен лифт.

Сара починала во 1922. година и зад себе оставила големо богатство. Биле потребни две недели за да се исчисти се што нејзе и припаѓао. Во една соба вредноста на мебелот била над 25.000 долари, односно денешни 400.000 американски долари.

 

Loading...

 

Иако не е познато што планирала со оваа преубава вила, во неа денес уживаат многу туристи за кои се организираат и специјални тури.

Leave a Reply