Николас (39), тренер на пчели од Франција, стана доста популарен на социјалните мрежи затоа што направи нешто за што многумина само зборуваа, но никој не успеал да го направи.
Во слободно време се занимава со пчеларство, уметност и браварство, а исто така е поборник за легализација на марихуаната во медицински цели.
Изминатите неколку години, Николас се обидувал да ги спои љубовта кон марихуаната и пчелите. А сега, конечно успеал да ги истренира пчелите да собираат полен од цветовите на канабисот. медот кој се добива од марихуаната Николас го нарекол „CannaHoney“.
Ги тренирав пчелите да работат неколку работи. На пример да собираат шеќер од овошје, наместо од цветот и иненадно добив идеја да се обидам да ги истренирам да собираат смола од канабис – вели Николас.