Професор од Оксфорд го шокираше светот: Вонземјаните се вкрстуваат со луѓето

Сподели со своите пријатели

Професорот Јанг-хае Чи од Оксфорд, во својата книга тврди дека вонземјаните се вркстуваат со луѓето за да создадат нова хибридна раса која ќе не спаси од климатските промени.

Loading...

Чи е инструктор на корејски јазик при Ориенталниот институт при Оксфорд.

По воведното предавање на темата од 2012 година, сега напишал и книга за своите шпекулации, под името „Вонземски посети и крајот на човештвото“, во која тврди дека токму хибридната раса е клуч за справување со климатските промени.

Меѓутоа, вели дека и натаму се бараат дополнителни докази во потпора на своето гледиште, јавува The sun.

Според него, хибридите настануваат при „киднапирање“ луѓе, а доаѓаат во побеќе форми на вонземјани – од мали, преку високи и оние со змиски очи, до инсектоиди, за кои Чи верува дека се главни и издаваат наредби на останатите видови.

Нашата невозможност за перципирање на таквите вонземјани Чи ја објаснува со тоа што живеат во својот био-состав, кој ние не можеме да го детектираме затоа што нашата моќ за спознавање е ограничена со органите кои ги имаме. Чи верува дека вонземјаните се појавуваат на Земја при големи закани како нуклеарни војни или климатски промени и дека ќе се решат бројни наши општествени проблеми благодарение на нивната извонредна интелигенција.

– Тие доаѓаат не поради нас, туку поради себе, својот опастнаок. Но, нивниот опстанок всушност е и наш опстанок, односно опстанок на целата биосфера, вели професорот.

Сепак, во предавањето од 2012 година изгледа дека бил со внимателно мислење, надоврзувајќи се на американскиот „истражувач на вонземски киднапирања“ Дејвид Џејкобс, во тврдењата дека тие хибриди кои се движат меѓу нас имаат многу злобна мисија и дека тоа се хибриди од прва генерација кои се вкрстуваат со луѓето за да создадат хибриди на втора генерација кои не е можно да се распознаат со голо око.

Loading...

Leave a Reply