Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за нестабилност во попладневните часови проследена со дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 28 степени целзиусови.
Нестабилноста се очекува да се задржи и утре.
Никола Ивановски